`·.·• Чизми •·.·´

Веќе од денес, официјално можеме да му кажеме збогум на топлото време. Топлите јакни и чевли сигурно веќе ги извадивте од плакарите. Некој кажа чевли... официјално ја отвораме новата дилема, што е ин за оваа есен? Нема жена што би останала рамнодушна на сите чизми што предизвикуваат јадеж на дланките. На есенската модна недела во Париз, моделите продефилираа со уникатни чизми за кои ние можеме само да сонуваме. 
Ви останува само да подголтнувате и да уживате во мајсторските креации:

cizmi

Louis Vuitton
На париската модна недела се претставија со кожни чизми на платформа. Како што можете да забележите, всушност и по нашите продавници, оваа сезона особено се модерни високите чизми над колена.

cizmi2


Kris Van Assche
Не фрлајте ги ланските чизми до глужд. И оваа сезона можете да ги носите со цевка фармерките или со тесните здолништа.

cizmi3


Nina Ricci
Креаторката се претстави со уникатни модели. Чизмите беа со доминантни бои, квалитетен сатен и на платформа. Друг интересен момент се врвките кои беа ин до пред некоја година.


cizmi4

Lanvin
Шпицестите чизми повторно се враќаат на модната сцена, но овој пат во поинаков облик. Додадена е карактеристичната должина до глужд и платформата без која не може оваа сезона.


cizmi5

Viktor & Rolf
Чизмите со големи копчиња и дебела потпетица  сé уште еден добар избор. Карактеристично е тоа што покрај залепените за нозе, во игра се и крутите кои стојат исправено.





назад

почетна