`·.·• Облека •·.·´

Ако за моделите постојат модни писти, за вас постојат улиците кои мора да ги освоите оваа есен и зима. За сите девојки луди по облека и трендови, еве водич за тоа што е ин за оваа есенска сезона. Повторно преовладуваат црната,  сивата и кафената боја, но ништо не правите ако не купите нешто впечатливо. Нешто со боја на кајсија, роза, океан...



trend1

Louis Vuitton
Ако имате намера да купувате капут, заборавете на класичниот црн или кафен. Внесете малку свежина и купете црвен или темно син, можете да си дозволите и жолт или зелен

trend2

Chloe
Модната недела во Париз ја одбележаа уникатни парчиња како целосните панталони. Навистина изгледаат шик, а изгледа и дека се мошне удобни како за преку ден така и за навечер.


trend3

Versace
Никако не смеете да заборавите на елегантните фустани со долги ракави. Всушност тие се главното обележје на оваа сезона. Изборот е навистина голем, со деколте, со ролка, до колена, над колена. Креаторот се одлучил за впечатлива розова боја со колан на средина, вистински есенски погодок.





trend4

Dolce and Gabbana
Кратките бунди, како онаа на Dolce and Gabbana, се идеално решение за вечерните излегувања и свечености. Ќе изгледате скапо и софистицирано.


trend5

Michael Kors
Покрај бундите и капутите со розова, жолта и зелена боја, на модната недела во Њујорк, доминираат и мантилите. Бидејќи надвор сè уште не е многу студено, мантилот со колан на средина и украсен со крупни копчиња е совршен


trend6


Alexander Wang
Овде веќе зборуваме за нешто уникатно што не може да се најде во обичните продавници. Креаторот обичната кошула ја направил шик парче. Практикувајте кошулите и блузите да имаат интересно деколте, не водете се секогаш по стандарди


trend7


Gucci
И оваа сезона не смее да помине без кратките, кожени јакнички. Прошетајте и ќе видите дека и кај нас може да се сретне сличниот тренд. На ревијата доминираа и чизмите до колена задно со тесните кожени панталони






назад

почетна