`·.·• Шминка •·.·´

Покрај косата и облеката, на ред дојде и шминката. Новите трендови се навистина несекојдневни. Правилото на игра е едноставно, не смеете да се плашите од јаките тонови и дречливите кармини.

Некои од модните дизајнери го вратија гламурозниот изглед од 80-тите , но давајќи му една модерна нишка. Имаше и такви што се потрудија да постават футуристички изглед со помош на несекојдневните бои и остри линии.

Ајде да ѕирнеме зад сцената кај некои од светски познатите дизајнери:

sminka1






Marc Jacobs
Ова е вистинска екстремност, но со задржан вкус за убаво. На ревијата доминираа моделите нашминкани со темнозелена сенка и металик-сина сенка. Усните беа исцртани како во 80-тите со кафено моливче, но доминираа контрастни сиви кармини.







sminka2






DKNY

Природната боја на усните и јаболкцате нема да изостане ниту оваа сезона. На ревијата на DKNY беше задржан едноставниот изглед без многу шминка. Очите беа поминати само со една туш-линија.

 






sminka3





Gerlan Jeans

Овој пат не мора да го комбинирате црвениот кармин исклучиво со црно моливче или туш. Дозволено ви е да експериментирате со жолтите, зелените и земјените тонови. Смоки-изгледот практикувајте да го постигнете со комбинација од две или три бои.









sminka4



Dolce and Cabbana

Усните со боја на цреша, црвено вино, портокал, праска и јака розова се особено ин оваа сезона. Тоа можеше да се забележи и на моделите на есенската модна ревија на D&G












sminka5



Chloe

Но, некои и не се расположени за многу експериментирање. Тоа беше случај со модната ревија на Chloe. Моделите беа нашминкани со стандардните есенски земјени тонови слични на ланската година. Но, и таквата шминка се прифаќа, особено за во канцеларија











sminka6





Elie Saab

На ревијата на Elie Saab доминираше белиот тен. Моделите беа нашминкани со жолтеникаво руменило и бела сенка на слепоочниците. Трепките беа изразени со повеќеслојна маскара





назад

почетна