`·.·• Топ фризури •·.·´

Од Лондон, Париз, Милано и Њујорк пристигнуваат трендовите за есен / зима 2009/2010. Како и во животот, така и на модна писта најголем внимание, вообичаено, привлекуваат модните додатоци и фризури.

  Какви фризури се пожелни за оваа сезона?  Општо земено, и понатаму е во сила правилото ‘anything goes’.  Важно е да се посвети доволно време на грижата за косата, на нејзиниот сјај и свежина, и после тоа да се избере одреден стил. Летото мина под знакот на кратките и елегантни фризури со јасни форми.
frizura1
Есента ни носи малку поширок избор на hairstyle трендови.  Во тренд е црна и виолетова облека, па би било паметно и косата да биде во стил со сите возможни и невозможни комбинации со облеката која ја носите. YSL, Prada i Comme des Garçons оваа есен преферираат кратка и темна коса. Gucci, Dsquared, Balmain, 6267, PPQ, Dior, Stella McCartney, Preen i Anna Sui ги одбраа природните бои и малку подолга коса. Calvin Klein, Balenciaga, Jens Laugesen, Marc Jacobs i Zac Posen избераа сјајна коса, и не треба да се напоменува дека прекрасно врзаната коса во опашка е секогаш IN, па и оваа есен.

frizura1

почетна