`·.·• Тренди бои •·.·´

    

    Сино-сивите нианси се во доста голем опсег, па така секој може да си пронајде нианса за себе. Доколку овие бои не ви одговараат на тенот, тогаш со нив бирајте и додатоци. Во мода се и сивите нианси кои се спојуваат со беж боја. Овие нианси добро ќе се усогласуваат и со златната боја. Доколку не сте обожавател на златна боја, тогаш можете да изберете мед боја. Оваа боја преовладува на мантилите и палтата за оваа сезона. Виолетовата боја добро се комбинира со другите сезонски тренди бои, така да можете да ја искористите за секоја прилика и на сите делови од облеката. Чанти, фустани, чевли или палта, се оваа сезона може да биде во виолетово. Освен виолетовите, оваа сезона во тренд се и розовите и топло жолто-зелените нианси. Монокромната палета на бои (сива, црна и бела) нека бидат основа за гардеробата за следната сезона. Можете да ги комбинирате само нив, но и да им додадете некоја одјаките бои.



boi

почетна